Дома Топ вести Зидан спреми 80 милиони за ѕвездата на Интер

Зидан спреми 80 милиони за ѕвездата на Интер

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака значително да го засили тимот за следната сезона.

„Кралевите“ ова лето ја наполнија касата и не донесоа ниту едно засилување, а следното лето спремаат вистинска „револуција“ во тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зидан сака да го засили нападот со еден од најдобрите напаѓачи во Европа, Ромелу Лукаку.

Шпанските медиуми тврдат дека Белгиецот ќе биде примарна мета и „кралевите“ веќе спремиле понуда од 80 милиони евра.

Исто така Реал е спремен на напаѓачот да му понуди плата од 15 милиони евра по сезона,што е двојно повеќе од тоа што го добива во Интер.

Лукаку минатото лето пристигна во Интер од Манчестер Јунајтед и во својата прва сезона постигна 32 гола во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…