Дома Фудбал Зидан му порача на раководството: ТОЈ мора да си оди што побрзо!

Зидан му порача на раководството: ТОЈ мора да си оди што побрзо!

Како што пренесува добро информираниот „АС“, тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан му порачал на раководството што е можно побрзо да ја комплетира продажбата на Хамес Родригез.

25-годишниот Колумбиец е пред заминување, но преговорите „заглавија“, а дури нема гаранција дека има конкретна понуда. Желбата на Зизу да се раздели со Хамес е диктирана и од очекуваното привлекување на Дани Себаљос од Бетис.


Самиот Родригез е незадоволен од својот статус на резерва во шпанскиот гигант, за кој забележа само 20 натпревари како стартер во минатата сезона, од кои 13 во Примера дивизион.

Тој сепак ја заврши кампањата со 11 погодоци и 13 асистенции во 33 натпревари на Реал, па многу клубови се интересираат за него.

Сепак, сеуште нема ништо конкретно и неговото заминување не е ни блиску, па Зидан му порачал на раководството што е можно побрзо да најдат потенцијален купувач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мартинез заплака по победата и потврди изненадувачки трансфер?

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, рече „ќе видиме“, кога беше прашан за иднината на Емил…