Дома Фудбал Зидан жали за Роналдо: Не можеме тоа да го промениме, го нема повеќе

Зидан жали за Роналдо: Не можеме тоа да го промениме, го нема повеќе

Откако со Реал освои три пати по ред ЛШ и уште многу други трофеи, Кристијано Роналдо минатото лето за 105 милиони евра премина во Јувентус.

Од неговото заминување, управата на мадридскиот клуб се обидува да пронајде адекватна замена, но тоа за сега не им успева.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По заминувањето на Роналдо, Карим Бензема стана најдобар стрелец на Реал во оваа сезона со постигнати 26 погодоци во сите натпреварувања и поради тоа доби пофални зборови од тренерот Зидан.

„Ситуацијата со Кристијано е онаа која не можеме да ја промениме, тој повеќе не е со нас. Можеме да донесеме било кој играч, а кој и да дојде нема да може да го направи тоа што Роналдо го направи.“ – изјави Зизу.

„Така е тоа во животот, направи неколку добри работи во овој клуб и бевме воодушевени со тоа. Тој сега е во друго поглавје во својата кариера и уморен сум од повторување бидејќи нема да освоиме ништо до крајот на сезоната, но ќе се обидеме да завршиме најдобро што можеме.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона со нов чекор кон привлекувањето на Бастони

Барселона направи уште еден чекор кон привлекувањето на централниот бек на Интер, Алесандр…