Дома Фудбал Останато Зидан доаѓа во ПСЖ заедно со Ибра, заминува Леонардо

Зидан доаѓа во ПСЖ заедно со Ибра, заминува Леонардо

Француските медиуми се готово сигурни дека Зинедин Зидан ќе биде нов тренер на ПСЖ на лето, а сега откриваат дека се започнати и преговори со Златан Ибрахимовиќ.

Имено, ПСЖ сака да го донесе Ибрахимовиќ како нов спортски директор на местото на Леонардо, кој веќе три сезони е на таа функција, но трпи многу критики.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Притоа, Леонардо има нарушен однос со многу од ѕвездите на тимот, па поради тоа раководството сака да го смени.

Зидан се согласил со доаѓањето на Ибрахимовиќ бидејќи одлично го познатава клубот и може да биде одлична врска помеѓу соблекувалната – раководсвото и тренерот.

Ибра пак не крие дека по завршувањето на кариерата сака да остане во фудбалот и да работи како спортски директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Данска ги избра голманите за мечот со Македонија – познато е кој ќе брани по повредата на Шмајхел и Јоргенсен

Данска се соочува со големи проблеми пред натпреварот од полуфиналниот бараж против Македо…