Црвена Звезда се избори за настап во Лигата на шампионите, па поради тоа српскиот клуб мораше и да се засилува.
Во последниот ден од преодниот рок српскиот шампион потврди три засилувања!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ричмонд Боакје потпиша договор на две ипол години со опција истиот да биде продолжен на уште една.
Во дресот на „црвено-белите“ се врати и Горан Чаушиќ кој дојде од Русија и потпиша договор на три години.
Последно и најзвучно засилување кое сигурно е добро познат на фудбалските фанови е поранешниот германски репрезентативец Марко Марин кој пристигнува од Олимпијакос.
Германецот со Звезда потпиша договор на две години.
Ќе потсетиме Звезда во Лигата на шампионите ќе игра во група со Наполи, Пари Сен Жермен и Ливерпул.