Дома Фудбал Италија Засега отказот на Алегри не е на дневен ред

Засега отказот на Алегри не е на дневен ред

До овој момент нема индиции за разделба помеѓу Јувентус и тренерот Масимилиано Алегри, пренесува „Газета дело Спорт“.

После лошиот старт на сезоната, а особено после поразот од Бенфика на домашен терен, се засилија шпекулациите за отказ на Алегри.

Навивачите го исвиркаа тренерот и преку социјалните мрежи бараат негова смена, а медиумите веќе почнаа да шпекулираат со имиња за негови заменици.

Според информациите засега раководството на Јувентус не планира да му врачи отказ, најмногу поради фактот што Алегри има долг договор и заработува 9 милиони евра по сезона.

Тоа значи дека „старата дама“ отказот на тренерот ќе ја чини околу 25 милиони евра, а тоа Јувентус во овој момент не може да си го дозволи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Делије со порака пред мечот на Звезда: Помина речиси еден месец без „Север“

Црвена звезда денеска од 16 часот ја пречекува Младост Лучани во 12. коло од Суперлигата н…