Дома Фудбал Англија Започнаа проблемите: Во Манчестер Јунајтед се одржал кризен состанок!

Започнаа проблемите: Во Манчестер Јунајтед се одржал кризен состанок!

Како кула од карти брзо се руши довербата на Оле Гунар Солскјер после стартот од соништата во Манчестер Јунајтед.

Солскјер имаше старт каков што никој не очекуваше, донесе голема еуфорија помеѓу навивачите, но сега не му оди. Манчестер Јунајтед изгуби на седум натпревари од последните девет, а последниот гол од игра „црвените ѓаволи“ го постигнаа на 2-ри април (девет часа без погодок од активна игра).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се појави и информација дека ова е најлошата низа на резултати на Јунајтед во последните 57 години.

Сето ова довело до тоа за вчера да биде одржан кризен состанок на кој Ед Вудворд се сретнал со Оле Гунар Солскјер и неговиот помошник Мајк Фелан.

На тој состанок се разговарало за проблемите кои се појавиле во соблекувалната и големиот пад на формата.

Вудворд му замерил на Солскјер и поради тоа првиот состав на Манчестер Јунајтед за дербито против Сити во јавноста се појавил неколку часа пред почетокот на натпреварот.

Според информациите во медиумите на Островот појавувањето на составот во јавноста било голем шок за луѓето во клубот затоа што имале намера да направат тактичко изненадување со еден од ретките стартови на Дармијан како дел од одбраната составена од пет играчи.

Како причина за протекувањето на информацијата во јавноста се наведува одлуката на Солскјер утрото пред натпреварот клубот да има тренер поранешниот комплекс „Д клиф“ каде што не е премногу тешко секој да види што се случува, за разлика од „Карингтон“ кој е многу подобро обезбеден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…