Дома Фудбал Останато Започна конгресот во Кина – Милан стравува, Интер се надева!

Започна конгресот во Кина – Милан стравува, Интер се надева!

Што двата милански клуба можат да очекуваат од КП Кина.

Конгресот денес беше отворен во Пекинг. КП Кина во наредните шест дена, и до 24 октомври ќе расправа низа прашања, на него ќе учествуваат 2280 делегати.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На овој конгрес претседател ќе биде првиот човек на Народната Република Кина Кси Џинпинг кој интересно е навивач на Интер, тој се заљуби во тимот кој прв од клубовите во Серија А гостуваше во Кина кон крајот седумдесетите.

„Санинг“ е компанија која е сопственик на Интер и од конгресот очекуваат многу, имаат 13.000 вработени, и овој гигант ги чека насоките од државата за раководење со економијата.

Основната цел на Кина е да го спречи ризикот од растење на доловите на несигурниот финансиски пазар и заминување на капиталот од земјата.

Токму тоа е клучното прашање за Интер.

Дали кинеската влада ќе остане на тоа да нема големи вложувања надвор од земјата во забава, под која се подразбира и спортот. Тоа би значело врзување на рацете на „Санинг“ кога во прашање е вложувањето огромни суми во Интер. Тие во тој случај би морале да се ограничат на потези како позајмувањето на Рамиреш и Теиксер од својот Џангсу, но и да балансираат помеѓу финансискиот фер плеј и евентуалната заработка во татковината од промовирање на Интер.

За Милан проблемот е поинаков. Нивниот сопственикот, Јонгхомг Ли, нема никакви врска со владата, тој е целосно непознат во кинеските кругови, освен ако не се сметаат проблемите со законот. Доаѓа од Хонг Конг, се надеваше дека со купување на Милан кој е помеѓу најпопуларните пет клубови во Кина би можел да привлече инвеститори од оваа земја и со тоа да го исплати долгот од 300 милиони евра . Но, ако КП Кина одлучи да стави вето на вложувањата надвор од земјата тешко дека некој ќе се одлучи да инвестира во Милан.

Ли има амбиции да продаде дел од акциите, но како што кажавме има мал интерес, пред се поради политичкото ограничување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…