Дома Фудбал Германија Загрижувачки вести за Баерн: Против Реал Мадрид без Артуро Видал!

Загрижувачки вести за Баерн: Против Реал Мадрид без Артуро Видал!

Ги обележи двата натпревари против Реал во ¼ финалето минатата година, но судејќи според се ќе ги пропушти полуфиналните натпревари кои Баерн ќе ги игра против истиот противник.

Артуро Видал кој поради начинот на игра го доби прекарот „војник“ пропушта натпревари само поради тешки повреди или црвени картони, а на денешниот тренинг на Баерн го повреди левото колено.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Оваа повреда за Видал доаѓа после враќањето на тренинзите од повредата од првиот натпревар против Севиља поради која пропушти четири натпревари.

Како што пренесуваат германските медиуми Видал се повредил кога се обидел да стигне една топка. Болката била толку силна што Чилеанецот не можел да оди, па бил изнесен со возилото на теренот.

Загрижените соиграчи му давале поддршка на Видал кој толку многу сакаше одмазда против Реал. Тоа најдобро го покажува неговиот твит од пред некоку дена.

Сепак, ваква повреда веројатно значи две недели пауза, а често пати и двојно повеќе…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи во преговори со Јунајтед за еден од напаѓачите

Николо Шира јавува дека Наполи уште е во преговори со Манчестер Јунајтед за Расмус Хојлунд…