Дома Фудбал Лига на шампиони Видал максимално мотивиран – испрати жестока порака до Реал: Следи…(Фото)

Видал максимално мотивиран – испрати жестока порака до Реал: Следи…(Фото)

vidal

Чилеанецот не ја заборава претходната сезона и се она што се случуваше во двомечот против Реал Мадрид.

Втора сезона во низа ждребот ги спои Баерн Минхен и Реал Мадрид во завршницата од Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шампионот на Германија ќе ги одмери силите со актуелниот шампион на Европа во полуфиналето од најелитното европско натпреварување и ова ќе биде прилика за Баерн да му се реваншира на Реал за минатогодишната елиминација.

Набрзо по ждребот одржан во Нион се огласи Видал кој во минатогодишниот реванш заработи црвен картон.

Реваншот во Мадрид го обележаа многубројни дискутабилни судиски одлуки и поради тоа не чуди што Чилеанецот на ваков начин го најави новиот судир на европските гиганти.

„Следи еб**е“, напиша Видал на Твитер и додаде неколку емонтикони.

По ова е јасно нема никакви дилеми, Видал е максимално мотивиран да го возврати ударот.

Првиот полуфинален натпревар на програмата е на 25 април, додека реваншот е на 1 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…