Дома Македонски спорт Заврши трката на 5 км на Скопскиот маратон – еве ги победниците во машка и женска конкуренција

Заврши трката на 5 км на Скопскиот маратон – еве ги победниците во машка и женска конкуренција

Заврши трката на пет километри на скопскиот Виз ер маратон, пришто најдобри во машка конкуренција се Богдан Цветковски, Илија Миленковиќ и Горан Мојановски.

„Четврти пат учествувам на маратонот и еве оваа година сум прв. Сам тренирав, скоро секој ден, бев дисциплиниран и еве дојдоа резултатите“, рече Богдан Цветковски победник во трката на пет километри.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во женска конкуренција најдобри беа Марго Бојаџиева, Рената Соколовска и Нагме Бурџук од Турција.

„Трчав и лани и тогаш бев втора. Задоволна сум од резултатот, 20 минути и 20 секунди. Желба ми е еден ден да победам на маратонот“, рече 14-годишната Марго Бојаџиев, победничка на трката од пет километри.

Полумаратон стазата од 21 километар и маратонот од 42 километри ја трчаат 8.500 учесници од 51 држава. Ќе има штафетно трчање на групи кои се пријавиле од разни компании. На маратонот трчаат и 168 вработени во компанијата Сивус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…