Заврши Светиниколскиот турнир во мал фудбал во Прилеп, а победник беше екипата на Златно Зрно откако во финалето ја победи екипата на Македонија.
„Заврши седмиот по ред Светиниколски турнир во мал фудбал, публиката имаше можност во финалето да погледне доста квалитетен фудбал. Во текот на изминативе денови можевме тука да видиме огромен број на мајстории на сите учесници на овој турнир. Практично со овој турнир Прилеп докажа дека е голем фудбалски град, ова станува една голема традиција и всушност ова е најголемиот турнир во мал фудбал кој се организира во Македонија“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На турнирот првонаградената екипа доби 125.000 денари, второ пласираната 70.000 денари, трето пласираната 45.000 денари, а екипата која го освои четвртото место доби 20.000 денари.
ПЛАСМАН
1.ФУРНА ЗЛАТНО ЗРНО
2.МАКЕДОНИЈА
3.ТОБАКО ДИСКОНТ РУНА МАК
4.ЦЕНТАР РУБИН ЗЛАТКО
НАЈДОБАР ГОЛМАН
СРКЕСКИ ХРИСТИЈАН(ТОБАКО ДИСКОНТ РУНА МАК)
НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ
ЛЕВКОВ (ФУРНА ЗЛАТНО ЗРНО)
НАЈДОБАР ИГРАЧ
САШКО ДИМОВ (ФУРНА ЗЛАТНО ЗРНО)