Италијанските медиуми пренесуваат дека Самир Насри би можел да го засили италијанскиот гигант Милан.
Насри веќе неколку месеци е без клуб, а последниот ангажман го имаше во Андерлехт.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Искусниот Французин наскоро би можел да го облече дресот на Милан бидејќи Паоло Малдини веќе го контактирал.
Во Милано Насри го гледаат како идеална замена за Хакан Чалханоглу, па Французинот би можел да добие шанса кога Турчинот нема да игра.
33-годишниот Насри кариерата ја започна во Марсеј, а потоа имаше одлична кариера во Арсенал и Сити.