Дома Фудбал Англија Самир Насри повторно во Премиер лигата

Самир Насри повторно во Премиер лигата

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Манчестер Сити, Самир Насри се враќа во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот француски фудбалер се договорил со лондонски Вест Хем и во овој тим ќе игра во наредната полусезона.

Насри и натаму е под суспензија од УЕФА поради кршењето на антидопинг кодот, но веќе од јануари може да се врати и одлучи да ја прифати понудата од Лондон.

Насри со новиот договор ќе заработува 80.000 фунти неделно, а ова ќе му биде враќање во Англија каде од 2008. до 2017. година играше за Арсенал и Манчестер Сити.

Покрај овие клубови играше уште за Марсеј, каде ја започна кариерата, а потоа и за шпанска Севиља и турски Анталијаспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Џака бил бесен на соиграчите: Ако играме вака, ќе се вратиме дома по три натпревари!

Катар своето прво учество на светските првенства го осигура како домаќин, но нивниот дебит…