Дома Фудбал Италија За поништениот гол реагира и Бонучи: Никогаш нема да дознаеме што гледаа судиите

За поништениот гол реагира и Бонучи: Никогаш нема да дознаеме што гледаа судиите

Во една драматична завршница Јувентус иако имаше негатива можеше да стигне и до победа против Салернитана.

За неколку минути „старата дама“ постигна два гола, меѓутоа вториот на Милик беше поништен поради офсајд позиција. Тоа предизвика голем број реакции во јавноста, а се огласи и Леонардо Бонучи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Офсајдот беше досуден затоа што се сметаше дека Бонучи кој и онака не влијае на акцијата е најблиску до голманот. Сепак, причината за бурните реакции е што никој не го гледаше Кандрева кој стои во близина на корнер знаменцето и е најблиску до голот.

„Ако ги погледнете линиите од тревата, Кандрева е поблиску од мене до голот и тој ме остава во дозволена позиција. Никогаш нема да дознаеме што гледаа судиите. Не ни останува ништо друго, мора да го анализираме првото полувреме. Ако играме така, нема да стигнеме никаде“, изјави дефанзивецот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…