Дома Фудбал Англија За крајот на една ера: ТОП 10 изјави на Арсен Венгер

За крајот на една ера: ТОП 10 изјави на Арсен Венгер

Aрсен Венгер денес се обрати со соопштение до јавноста и потврди дека заминува на крајот од сезоната. Неговото соопштение можете да го прочитате ТУКА.

Сега кога е готови и кога е сигурно дека доаѓа крајот на една голема ера, ред е да се потсетиме на некои од изјавите на Венгер кој го напушта клубот после 22 години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ЗА ТОТЕНХЕМ

„Се обидов да гледам нивни натпревар на ТВ, но за брзо заспав“.

ЗА КОНКУРЕНТНОСТА И ПОБЕДИТЕ

„Во Јапонија гледав борење, никогаш не ти е јасно кој победил бидејќи не покажуваат емоции од почит кон противникот. Овде е поинаку, се обидувам да ги научам играчите на почит во Англија секој ти се потсмева кога ќе те победи“.

КОГА НЕГОВИТЕ ИГРАЧИ НЕ СЕ КОНКУРЕНТНИ

„Не сум забележал ништо, не знам за што зборувате“.

ЗА МОТИВАЦИЈА НА ИГРАЧИТЕ

„Фудбалскиот тим е како убава жена, кога ќе престанете да и кажувате колку е прекрасна, таа тоа го заборава“.

ЗА СВОЈАТА ПРОФЕСИЈА ПРОФЕСОР ПО МАТЕМАТИКА

„Од овие девет црвени картони, веројатно половина не ги заслуживме“.

КОГА ЌЕ СЕ НАВИКНЕШ НА УСПЕХ

„Воопшто не е лесно, когаќ е почнеш да јадеш кавијар, тешко е да се вратиш на колбаси“.

НАЈПОЗНАТАТА НАВРЕДА ЗА МУРИЊО

„Кога успехот ќе им го дадете на глупави луѓе, тоа понекогаш не ве прави попаметни, туку уште поглупави и повеќе безобрани“.

ЗА ТРАНСФЕР ПОЛИТИКАТА

„Не вреди многу да ја молам „Мис на Светот“ да се омажи за нас ако таа не сака, не можете да ме критикувате поради тоа.

ЗА ТОА ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОБЕДУВА СЕКОЈА ГОДИНА

„Луѓето често пати грешат, јас не сум магионичар, туку само фудбалски менаџер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…