Дома Останати За 2 секунди не го сруши светскиот рекорд: Лудиот финиш на Бекеле на Берлинскиот маратон (видео)

За 2 секунди не го сруши светскиот рекорд: Лудиот финиш на Бекеле на Берлинскиот маратон (видео)

Последните пет најлуди минути од финишот на маратонецот Кенениса Бекеле кој на BMW маратонот во Берлин викендов за само две секунди не успеа да го сруши светскиот брзински рекорд во маратонско трчање.

После лудо патешествие од 42 километри, Бекеле во обидот да го сруши светскиот маратонски рекорд, финишираше за неверојатни 2 секунди подоцна од најдоброто време.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Поранешниот олимписки и светски шампион, Кенениса Бекеле имаше фантастичен кам-бек во својата тркачка кариера со победа на маратонот во Берлин во неделата, поставувајќи второ најдобро време во историјата, за само 2 секунди зад светскиот рекорд.

Етиопјанецот Бекеле, кој победи во Берлин во 2016 година, а покрај тоа е светски рекордер на 5.000 и 10.000 метри, ја заврши брзата патека за 2:01:41, за две секунди поспоро од рекордот на Кениецот Елиуд Кипчоге, кој лани истрча 2:01:39, а ќе се обиде да го сруши митското време од 2 часа на маратонот во Виена на 12 октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

ВАДА бара за Синер суспензија од две години

Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозан…