Дома Актуелно ЖРК Вардар со големо засилување, Тамара Ивановска нов играч на црвено-црните

ЖРК Вардар со големо засилување, Тамара Ивановска нов играч на црвено-црните

Тамара Ивановска

Тимот на ЖРК Вардар го ангажираше и второто засилување за оваа сезона. Станува збор за Тамара Ивановска, млада, искусна, леворака ракометарка, која игра на позиции десен бек и десно крило.

Доаѓа од тимот на ЖРК Куманово, минатогодишниот Куп освојувач и нејзин матичен клуб, каде што беше една од клучните ракометарки заслужни за досегашниот успех.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


По одличните настапи во дресот на ЖРК Куманово, за Ивановска покажаа интерес и екипите од домашното првенство и странство. Ивановска на крај се одлучи да ги брани боите на црвено црното семејство. 

Ова е прв пат Ивановска да го промени својот клуб, откако долги години го носеше дресот на ЖРК Куманово.

Ивановска беше изберена во All Star тимот како најдобро десно крило во сезоната 2022/2023. Таа важи за ол-раунд играч, која покрај тоа што игра на позиција десен бек, може да игра и како десно крило во двата правци.

Кумановката е официјално второ засилување во ЖРК Вардар откако Нина Милевска потпиша претходно.

Ивановска повеќепати беше дел од кадетската, младинската и сениорската репрезентација на Македонија.

Тимот на Вардар најавува уште неколку засилувања во периодот кој следи, откако си заминаа Џатевска, Диневска, Трајкоска и Миновска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Официјално: Голманот на Вардар ќе брани во Германија

Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, М…