Дома Македонски спорт Мак ракомет Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров нов тренер на ЖРК Вардар

Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров нов тренер на ЖРК Вардар

Женскиот ракометен клуб Вардар ја известува спортската јавност, дека за нов шеф на стручниот штаб на сениорската екипа е назначена Анжела Платон.

Познато име на ракометната јавност, поранешна македонска репрезентативка, која беше дел од златната генерација на Кометал Ѓорче Петров, клуб со кој во 2002 година стана и европски шампион.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долги години е дел од Вардар, каде работеше со младинските екипи на клубот во создавање на млади талентирани ракометарки.

На почетокот на новата сезона беше вклучена во стручниот штаб на првиот тим, како помошник тренер на Александар Царчев, а од пролетниот дел Платон ќе биде прв тренер, а ќе остане и како предводник на младинската екипа.

Александар Царчев ќе продолжи да работи во Вардар, како тренер на голманите, во сите четири категории: пионерска, кадетска, младинска и сениорска конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …