Дома Фудбал Италија Жиру три недели надвор од терените

Жиру три недели надвор од терените

Стефано Пиоли во наредните три недели не ќе може да смета на услугите на Оливие Жиру.

Францускиот напаѓач во натпреварот против Атлетико Мадрид заработи повреда на бутниот мускул и ќе мора да паузира. Според првичните проценки на лекарите тој ќе може да се врати на терените за три недели.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Милан во натпреварот со Атлетико Мадрид забележа минимална победа од 0:1 со која си ги задржа шансите за пласман во осминафиналето во најелитното европско натпреварување. Сепак, во последното коло ќе им треба победа против Ливерпул, а во тој натпревар „росонерите“ не можат да сметаат на Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома сонува да го врати Салах

Рома планира да го искористи јануарскиот трансферен прозорец на начин кој ќе ги зголеми се…