Дома Фудбал Репрезентации Жилберто Силва: Сигурен сум дека луѓето во Македонија се горди на успехот на репрезентацијата

Жилберто Силва: Сигурен сум дека луѓето во Македонија се горди на успехот на репрезентацијата

Скопје неодамна имаше можност да ја угости фудбалската легенда Жилберто Силва, освојувач на Премиер лигата со Арсенал и секако, светски првак со Бразил во 2002 година.

Екипата на македонското фудбалско шоу #СкратенКорнер ја искористи шанса да седне и да направи интервју со него, во кое Жилберто Силва зборува за она што е потребно за да се стане успешен фудбалер и за неговите најрадосни моменти во кариерата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Сигурен сум дека сите луѓе во Македонија се горди на она што го постигна репрезентацијата (со пласманот на ЕП 2020). Мора да бидете горди за она што сте го направиле, а ова ви дава на сите вас како нација поголема одговорност во смисла да продолжите да работите заедно за да ја поддржите репрезентацијата, персоналот, спортот – да го поддржите фудбалот“, вели фудбалската легенда Жилберто Силва за камерата на #СкратенКорнер.

Жилберто Силва пристигна во Скопје како официјален амбасадор на трофејот од Светското првенство, како дел од FIFA World Cup™ Trophy Tour by Coca – Cola. Како дел од онаа историска генерација на Бразил од СП 2002, сигурно имаше многу што да каже за неговата фудбалска приказна. Погледнете во видеото подолу:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Бомба“: Поранешниот тренер на Јувентус и Челзи нов селектор на Србија?!

Маурицио Сари, наводно ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, ак…