Дома Фудбал Останато Жестоки критики за Нејмар: Не можам да верувам што направи, плукна по клубот и ги понижи соиграчите…

Жестоки критики за Нејмар: Не можам да верувам што направи, плукна по клубот и ги понижи соиграчите…

dugarry neymar

ПСЖ во неделата го разби Монако со победа од 7:1 и така ја потврди новата титула на Франција, а додека играчите на клубот од Париз ја славеа титулата нивната најголема ѕвезда Нејмар со пријателите играше покер.

Бразилецот се опоравува од повредата и го користи времето така што го поминува со своите пријатели од детството. Сепак, јасно е дека мораше да биде присутен во неделата во Франција и заедно со своите соиграчи да го прослави освојувањето на титулата.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


За таквиот потег страшно му замери Кристов Дугари, поранешниот напаѓач на Милан и Барселона и фудбалер кој со Франција стигна до титулата европски и светски шампион.

„Не можам да верувам што тоа момче прави. Место да дојде и да им даде поддршка на своите соиграчи тој на друштвените мрежи објавува фотографии како со пријателите игра покер. Несфатливо ми е таквото однесување“.

„Му доделија улога на лидер, му овозможија се што бараше, а тој сметаше дека не треба да се појави на славењето. Не ми е јасно зошто клубот го одобрува неговото однесување. Ме интересира како Нејмар ќе ги погледне соиграчите во очи после ваквото понижување кое им го направи. Плукна по клубот. Него не му е важен ПСЖ. Да беше играч на Барселона и ваква работата да се случешем верувајте ми и тоа како ќе се појавеше на прославата“.

„Никогаш не ми биле јасни играчите кои се грижат само за себе и не ги интересира тимот. Фудбалот е колективна игра и само играта како тим може да донесе успех. Никогаш ниту еден индивидуалец, колку и да е добар, не може сам ништо да направи. И на крајот некои луѓе мислат дека ПСЖ со таков став може да ја освои Лигата на шампионите. Смешно“, заврши француската легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алфонсо Дејвис се договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…