Дома Фудбал Италија Жестока казна од ФИФА за Специја!

Жестока казна од ФИФА за Специја!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денес ја казни Специја со две години забрана за трансфери.

Специја е казната поради кршењето на правилата при доведувањето на млади фудбалери од Африка. ФИФА соопшти дека Специја со ангажирањето на неколку тинејџери прекршила одредени одредби.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Така овој италијански клуб ќе има забрана до летото 2023 година, а клубот ќе мора да плати и казна од пола милион швајцарски франци.

Клубот има право на жалба, а ако бара замрзнување на случајот до сослушувањето ќе може до крајот на август да ангажира нови играчи. Специја минатата сезона заврши на 15. место на табелата во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Капело за проблемите на Реал: Модриќ, Крос, Каземиро

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело даде интервју за Marca во кое ги анализира ак…