Дома Трансфер зона Левандовски ја советувал Барселона да купи негов сонародник од Специја

Левандовски ја советувал Барселона да купи негов сонародник од Специја

Роберт Левандовски е најголемото засилување за Барселона во летниот преодниот рок, полскиот напаѓач игра одлично на стартот од сезоната.

Сега новинарите на „Тутоспорт“ пренесуваат дека Левандовски и сугерирал на управата на Барселона да ја разгледа опцијата за доведување на дефанзивецот на Специја, Јакуб Кивиор. Овој фудбалер настапи на последните два натпревари на Полска во Лигата на Нации против Холандија кога беше еден од најдобрите играчи на теренот и против Велс.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот одработи одлично во одбраната, а неколку пати спасуваше и чист гол. Во тие моменти тој го импресионирал Левандовски кој го предложил на Барселона.

Левандовски го пофали и јавно пред медиумите.

„После натпреварот со Холандија му кажав – ти не дојде само во тимот, дојде да играш во првата постава. Има одлична лева нога и може добро да покрие простор. Не сакам премногу да го фалам затоа што медиумите понекогаш даваат преголема тежина на моите изјави. Но, тој е скромен и може да се развива навистина брзо“, изјави Левандовски.

Покрај Барселона интерес за неговите услуги сериозно покажал и премиерлигашот Вест Хем. Договорот на Кивиор со Специја е до 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…