Дома Останати Ждребот ги смести Ѓоковиќ и Федерер во иста страна на УС Опен

Ждребот ги смести Ѓоковиќ и Федерер во иста страна на УС Опен

Ждребот ги смести Ѓоковиќ и Федерер во иста страна на УС Опен, па двајцата најголеми фаворити би можеле да се сретнат во евентуално четвртфинале.

Роџер Федерер во првото коло ќе се сретне со Јапонецот Нишиока, додека Новак Ѓоковиќ ќе го почне настапот во Њујорк со дуел против Фуксович. Доколку двајцата фаворити ги минат своите пречки, Федерер и Ѓоковиќ би можеле да се сретнат веќе во четвртфиналето.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Третиот носител, Хуан Мартин дел Потро, почнува со квалификант, но може да игра со Енди Мареј веќе во третото коло. Рафаел Надал пак ќе ја почне одбраната на титулата на УС Опен со пресметка против добро познат ривал – сонародникот Давид Ферер.

Сепак, најинтересниот дуел од првото коло е оној меѓу осмиот носител, Бугаринот Григор Димитров, и трикратниот гренд слем шампион, Стен Вавринка, кој ќе настапи со вајлд-карта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Трагедија на Завршниот мастерс во Торино – починаа двајца навивачи!

Голема трагедија се случи на Завршниот мастерс во Торино откако двајца навивачи ги загубиј…