Дома Фудбал Останато Ефект Меси: Билети се распродаваат и за осум минути по рекордна цена

Ефект Меси: Билети се распродаваат и за осум минути по рекордна цена

Претстојниот дуел меѓу Интер Мајами и Филаделфија Унион во полуфиналето на Лига купот САД беше распродаден во рекордно време со рекордно високи цени на билетите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Билетите и онлајн продажбата за овој натпревар започнаа во 14:00 часот попладне, a клубот домаќин Филаделфија Унион вeќе во 14:08 објави дека целиот стадион е распродаден и остануваат само уште билети за стоење. .

Најевтините билети за стоење се 317 долари, а најниската понуда за двајца е 322 долари. Цените се движеа од 400 до 600 долари, а најскапите билети до 1700 долари.

За споредба, билетите за претходниот натпревар на Филаделфија против Далас се движеа од 35 до 102 долари.

На стадионот „Субару“ Меси ќе има можност да ја продолжи победничката и голгетерска серија, сега на пет меча има осум гола.

Победникот од овој дуел во финалето ќе игра против Монтереј или Нешвил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потресни сцени по натпревар: На селекторот на ДР Конго му беше соопштена ужасна вест

Селекторот на репрезентацијата на ДР Конго Себастијан Десабр го доживеа исклучително тежок…