Во денешниот натпревар македонската кошаркарска репрезентација запиша пораз од репрезентацијата на Естонија со резултат 76:80.
Македонија со поразот Косово и овој против Естонија се наоѓа во тешка позиција. Најефикасен во редовите на нашата репрезентација беше Војдан Стојановски кој постигна 26 поени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На стартот нашата репрезентација воошто не изгледаше лошо, дури и имаше предност од 32:19 после првата четвртина. За жал потоа следуваше огромен пад во нашата игра па Естонците на полувреме заминаа со еден поен предност 43:42.
Во продолжение од натпреварот во поголемиот дел следуваше лоша игра со повремени добри моменти кои не беа доволни за да се радуваме на победа.
Македонија во следниот натпревар ќе игра против Косово, но овој пат на домашен терен, па се надеваме дека домашниот терен ќе придонесе за подобра игра и подобри резултати. Натпреварот е закажан за 12 август.