Кристијан Ериксен ќе го напушти Интер во зимскиот преоден рок.
Данскиот фудбалер не е во плановите на Антонио Конте. Не се вклопува во неговиот систем на игра и оваа зима ќе го промени клубот.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Тутоспорт тврди дека три тима покажале интерес за ангажирање на данскиот фудбалер. Тоа се ПСЖ, Баерн и Арсенал. Помеѓу овие три клуба треба да се бара неговиот нов тим.
Не е познато дали Ериксен ќе замине во замена за некој друг играл или Интер ќе успее да го продаде, но јасно е дека нема повеќе да биде член на Нероаѕурите.
ПСЖ наводно се спремни да понудат размена за Парадес, Баерн го нуди Толисо, а Арсенал Гранит Џака.
Многу брзо ќе дознаеме каде Ериксен ќе ја продолжи кариерата, а својот престој во Милано нема да го памети по добро.