Андер Ерера откри дека една од причините да го напушти Манчестер Јунајтед е фактот што клубот многу касно ги започнал преговорите за нов договор.
Минатата недела Ерера потпиша 5-годишен договор со ПСЖ, откако неговиот договор истече со Манчестер Јунајтед и замина од „Олд Трафорд“ како слободен агент.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Не би сакал да гледам во минатото премногу, но, постојат големи разлики во поглед на проектот и моето значење во истиот. Бев среќен во тој клуб, имам голема благодарност кон клубот и неговите навивачи, како и за Солскјер, тој направи максимум за да останам, меѓутоа до тоа не дојде, бидејќи клубот задоцни, јас веќе ја донесов конечната одлука да играм во Париз“, откри Ерера.
29-годишниот Ерера пристигна на „Олд Трафорд“ во 2013 година и за „црвените ѓаволи“ одигра вкупно 189 натпревари.
Ander Herrera opens up on why he quit Manchester United for PSG https://t.co/iAC6Q6t9TZ pic.twitter.com/czhCntM2wh
— SportsGridUK (@Sportsgriduk) July 8, 2019