Дома Фудбал Англија Ерера со емотивна порака се збогува со Манчестер Јунајтед (видео)

Ерера со емотивна порака се збогува со Манчестер Јунајтед (видео)

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби и официјална потврда – Андер Ерера го напушта Манчестер Јунајтед.

29 годишниот Шпанец заминува како слободен агент откако му заврши договорот, а веќе е познато дека кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој со емотивна порака се збогува со Манчестер Јунајтед, а се очекува утре да го одигра последниот меч на „Олд Трафорд“.

„Срцето ми е црвено. Го сфатив тоа уште првиот пат, во кој играв на „Олд Трафорд“ и во моментот кога почнав да го носам дресот. Клуб со илјадници фанови, кои ги почитуваат и паметат сите играчи, кои дале се од себе. Се чувствував посебно, кога слушав како го скандираат моето име. Бев горд кога навивачите одлучија дека сум дел од оваа неверојатна приказна. Секој пат, кога сум го претставувал тимот при победи и порази, дури и кога не можев да помагам на теренот, сфатив што значи овој клуб. Ќе се сеќавам на секој еден од овие речиси 200 натпревари, кои сум ги одиграл со овој дрес. Да играм за најголемиот клуб во Англија беше вистинска чест. Ви благодарам за исклучителните пет години“, истакна Ерера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…