Репрезентацијата на Русија е првиот финалист на Европското првенство во Холандија откако во драматичен меч ја совладаа Украина со 3:2.
Натпреварот привлекуваше посебно внимание со оглед на тоа што двете држави се наоѓаат пред војна и ова е прв спортски судир во некој спорт откако се во таква ситуација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Русите до 15. Минута водеа со 2:0, голови постигнаа Антон Соколов и Андреј Афанасјев. Украинците веднаш се одлучија за игра со голман и тоа им се исплатеше наредната минута кога Јевген Сири го намали водството. Артем Нијазов во 31. минута ја врати предноста од два гола.
Украина повторно играше со голман. Во 35. минута Данил Абакшин погодува за 3:2, а на точно една минута пред крајот имаа пенал за изедначување. Сепак, Петро Шотурма го погоди рускиот голман Димитри Путилов.
Во второто полуфинале се сретнуваат Португалија и Шпанија и тој натпревар започнува во 20:00 часот.