Поранешниот светски шампион во тешка категорија Енди Руиз се врати на тренинзите после нешто повеќе од еден месец пауза.
Руиз на 1. јуни минатата година го шокираше светот со победата над Ентони Џошуа, но Британецот на 7. декември во Саудиска Арабија му се реваншираше на Мексиканецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После тој пораз Руиз отиде на одмор, но сега по нешто повеќе од еден месец се врати и веднаш доби милионска понуда од Еди Херн.
„На Руиз му испративме понуда. Станува збор за голема цифра, но тој можеби мисли дека тоа не е вистинската сума за него. Меѓутоа се работи за голема сума која може да го врати во игра“, изјави Хеарн.
На Мексиканецот му е понудено да се бори со Дилијан Вајт (27:1).
„Таа борба носи ризик за двајцата. Ако Дилијан изгуби неговите соништа за титулата ќе се срушат. Од друга страна Руиз сигурно нема да се чуствува добро ако повторно изгуби“, изјави Херн.