Дома Останати Не запираат критиките за дебелиот Руиз: Тој е срам за спортот!

Не запираат критиките за дебелиот Руиз: Тој е срам за спортот!

Франк Ворен, промотерот на Тајсон Фјури изјави дека Енди Рузи бил срам за спортот со состојбата во која ја дочека борбата со Ентони Џошуа.

Џошуа доминираше во текот на целата борба и на бодови го доби Руиз и така си ги врати титулите во ИБФ, ВБА и ВБО.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Тоа беше смешно, кога се појавија на мерењата буквално беше како слон. Тоа што се тешкаш не значи дека не треба да пкажеш барем одредена колична намера да бидеш атлета. Руиз се посрамоти себеси и спортот со тоа што не се спреми за борбата“, изјви Ворен.

Мексичко-американскиот боксер беше скоро шест ипол кила потежок во однос на борбата во јуни во Медисон Сквер Гарден кога го нокаутираше Џошуа. Руиз и самиот после борбата призна дека премногу време поминал забавувајќи се и скоро и да не се подготвувал за реваншот.

„Малку е смешно и доцна да кажеш дека си се забавувал повеќе отколку што треба. Професионалните спортисти имаат обврска да бидат во форма и поради публиката која плаќа за да ги гледа. Ако неговиот сон беше да ја освои титулата, а потоа да се здебели и да ја изгуби тогаш сонот му се оствари“, заврши Ворен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Погледнете ја неверојатната трка на 16-годишното момче. Коментаторот: Дами и господа, ова е историја

Австралискиот тинејџер Гут (16) трчаше 100 метри за 10,04 секунди и победи на атлетското п…