Дома Фудбал Останато Емре се потсети на ударот кој го доби од Зокора: Не знаев дали ќе можам да имам деца

Емре се потсети на ударот кој го доби од Зокора: Не знаев дали ќе можам да имам деца

Дидие Зокора пред неколку години реши да ја заврши кариерата, а многумина ќе го паметат по неверојатна ситуација која се случи додека играше за Трабзонспор.

Зокора во Трабзонспор стигна во 2011 година од Севиља за пет милиони евра и во турскиот тим остана три години, а во април 2012 година против Фенербахче имаше вербален дуел со Емре, кој го навреди на расна основа.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Емре и јас имавме караница за време на мечот, а тој ми кажа дека сум е*ан црнец. Тоа е првпат во кариерата некој да ми каже такво нешто“, вели Зокора.

Зокора потоа го удри Емре директно меѓу нозе.

„Ме удри директно во тестисите. Му благодарам на Бог што имам деца зашто по ова не знаев дали ќе биде можно“, објаснува Емре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…