Македонскиот фудбалер, Елиф Елмас во интервју за клупската страница на Лајпциг зборуваше пред натпреварот против Јувентус во Лигата на шампионите.
Елмас е фудбалерот на Лајпциг кој најмногу го познава италијанскиот фудбал, па затоа и ја најави пресметката со „старата дама“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Секогаш е тешко кога играте против италијански клубови, а посебно против Јувентус кој е еден од најголемите во Италија. Против нив одиграв многу натпревари и знам колку можат да бидат опасни. Одлично се бранат, тоа може да се види и од статистиката, но исто така се флексибилн и опасни во нападот. Со нетрпение го очекувам натпреварот, сигурно ќе биде возбудлив, а ќе играме и пред нашите навивачи тука“.
Елмас направи и споредба на двете првенства велејќи дека Бундеслигата е физички потешка.
„Во Бундеслигата повеќе се игра физички фудбал со многу трчање и фокус на офанзивата. Во Италија повеќе работите на поседот на топка. Двете лиги се многу силни и се помеѓу најдобрите пет во Европа“, изјави македонскиот фудбалер.
Дуелот помеѓу Лајпциг и Јувентус на програмата е утре во терминот од 21:00 часот.