Дома Фудбал Италија Елмас во топ 10 највредни oфанзивни играчи за врска во Серија А

Елмас во топ 10 највредни oфанзивни играчи за врска во Серија А

После Европското првенство Елиф Елмас доби мал одмор пред да започне со обврските за Наполи.

Елмас не беше на нивото на кое очекуваше македонската јавност на ЕП и турнирот го заврши без постигнат гол. Сепак се надеваме пред 21 годишниот Елиф ќе има уште големи натпреварувања во дресот на Македонија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Наполи неодамна се раздели со Гатузо и на кормилото беше доведен Лучијано Спалети. Кај Гатузо Елмас не добиваше преголема минутажа останува да видиме дали тоа ќе се промени кај Спалети.

Во овој период кога нема натпревари „Трансфермаркт“ ги објави највредните офанзивци. Во топ 10 имаше место и за Елмас кој беше проценет на 17 милиони евра. На врвот на листата се најде соиграчот на македонскиот фудбалер Пјотр Зјелински (50 милиони), зад него следуваат Ериксен (40 милиони) и Заниоло (40 милиони).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА размислува на секои две години да го одржува Светското клупско првенство од 2029 година

ФИФА разгледува можност за промена на форматот на Светското клупско првенство кое би се од…