Дома Македонски спорт Едно полувреме не беше доволно: Украина со три гола во второто полувреме до победа во Скопје

Едно полувреме не беше доволно: Украина со три гола во второто полувреме до победа во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација одигра две различни полувремиња и забележа пораз од селекцијата на Украина во Скопје со 2:3.

Натпреварот започна мирно без шанси на двете страни, а ние до гол стигневме по половина час игра. По реакција на ВАР главниот судија покажа на белата точка во 30-тата минута, а сигурен реализатор на најстрогата казна беше Енис Барди.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Веќе осум минути подоцна имавме и 2:0, Елмас погоди со прекрасен гол со удар од далечина.

Го задржавме водството и со одлични 2:0 заминавме на пауза, за потоа во вториот дел да доживееме целосен пад во играта.

Се играше 62-та минута кога Циганков одлично изведе корнер, а осамен во нашиот шеснаесетник остана Забрањи кој намали на 2:1. По само шест минути игра Украина веќе изедначи, Мудрик испрати топка од левата страна во шеснаестникот, до Конопја кој го матираше Димитриевски за 2:2.

Во 73-тата минута работата за нашата селекција стана уште потешка откако Муслиу заработи втор жолт картон и предвреме го заврши натпреварот. Бројчаната предност на теренот Украина знаеше како да ја искористи, па десет минути подоцна асистентот Циганков сега се запиша и во листата на стрелци, додека Мудрик додаде и втора асистенција.

Македонија по три одиграни кола во групата има три бода од победата со Малта во првото, во второто бевме слободни, а за три дена не очекува тешкото гостување на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…