
Раководството на Реал Мадрид има амбициозен план за зајакнување на составот, со цел да привлече шест нови фудбалери. Според информациите на Кадена СЕР, клубот се стреми да го зајакне речиси секој дел од теренот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во трансферната листа на кралскиот клуб влегуваат краен и централен дефанзивец, дефанзивен играч за врска, плејмејкер, десно крило и централен напаѓач.
Главна цел за летово е португалскиот играч за врска на Пари Сен Жермен, Витиња. Меѓутоа, тој неодамна изјави дека засега не планира да го напушти францускиот гигант.
Во исто време, привлекувањето на напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Холанд, се смета како „далечен сон“ за Реал Мадрид.