Дома Останати Кошарка Јокиќ во трката за МВП во НБА веќе не е ниту втор!

Јокиќ во трката за МВП во НБА веќе не е ниту втор!

Никола Јокиќ веќе не е ниту втор на листата во трката за МВП, бидејќи го прескокна Виктор Вембањама.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Трката до крајот на сезоната се предвидува да биде исклучително возбудлива. Шај Гилџус-Александер ја држи првата позиција практично откако српскиот репрезентативец се повреди, а во последните неколку недели Вембањама значително напредуваше, надминувајќи го Лукa Дончиќ и Кејд Канингем.

И покрај фактот што Јокиќ постигна извонреден трипл-дабл против Сан Антонио, а Вембањама не играше, сепак Французинот на оваа листа го престигна Јокиќ оваа недела и се позиционираше на второто место веднаш зад канадскиот кошаркар кој игра за Оклахома.

Да потсетиме дека Јокиќ има право да пропушти уште само еден натпревар до магичната бројка од 65 натпревари, додека Гилџус-Александер може да пропушти уште три натпревари. Со други зборови, многу лесно би можело да се случи титулата MВП на крајот навистина да ја добие Виктор Вембањама. Ќе потсетиме, споменатите 65 натпревари се границата која мора секој кошаркар да ја достигне за да биде во конкуренција за МВП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лудница во НБА: Торонто со неверојатен кош до мајсторска со Детроит! (Видео)

Вчерашната НБА плејоф програма донесе интензивна драма во Источната конференција. Гледачит…