Дома Останати Ракомет Oдличен ждреб за Македонија во баражот за СП!

Oдличен ждреб за Македонија во баражот за СП!

Денешната ждрепка во Хернинг го откри патот на македонската ракометна репрезентација кон пласман на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Германија.

Македонија, благодарение на освоеното трето место во групата на Европското првенство во Данска, избори поволна позиција во квалификацискиот циклус и ќе настапи во само еден бараж, наместо во два. Нашата селекција ја дочека ждрепката како носител, што значеше избегнување на неколку европски ракометни велесили како Франција, Шпанија, Норвешка, Словенија, Унгарија, Швајцарија, Холандија, Австрија, Фарски Острови и актуелниот домаќин на ЕП Данска.

Ждрепката одлучи Македонија да се соочи со победникот од првиот бараж-дуел, во кој силите ќе ги одмерат селекциите на Словачка и Украина.

Бараж-натпреварите за пласман на Светското првенство се закажани за 13 или 14 мај и 16 или 17 мај, а како носители, македонските ракометари ќе ја имаат предноста реваншот да го одиграат на домашен терен, пред својата публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пред „Јане“ ќе има навивачка фан зона за враќањето на ЛШ во Скопје!

Ракометарите на Вардар в среда ги очекува првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите…