Дома Македонски спорт Мак ракомет Едно полувреме не беше доволно за втора фаза: Македонија со три порази го завршува настапот на Европското првенство

Едно полувреме не беше доволно за втора фаза: Македонија со три порази го завршува настапот на Европското првенство

Одигра Македонија одлично прво полувреме во кое бевме во егал со фаворизираната Романија, но сепак 30 минути не беа доволни за следна фаза. Во второто полувреме паднавме во нападот и потешко постигнувавме голови, Романија на крајот славеше со 23:31 и продолжи во следната фаза. Македонија со три порази го завршува настапот на Европското првенство.

За разлика од првите две средби, кога Холандија и Франција доминираа, денес Македонија имаше добар старт. Романија, поведе, но брзо возвратиме преку Емилија Ризоска веќе во следниот напад. Одлична на голот беше Јована Мицевска која одбрани два зицери на Романките, па по 11 минути игра повторно имавме изедначен резултат, погоди Јована Саздовска. Претходно вториот гол за Македонија го постигна Дабевска Сања.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Реализираа напади Романките, но реализиравме и ние уште еден гол постигна Саздовска, погодија Гичевска и Јанеска, па на средина од првите 30 минути на семафорот стоеше 6:6. Ефикасната игра продолжи и во следните минути Ристовска и Маџовска ги постигнаа првите погодоци, но во одбраната немавме решение за Неагу која во првите 18 минути од натпреварот имаше 6 постигнати гола од вкупно девет на Романија.

На 10 минути до крајот на полувремето Саздовска не реалзираше зицер за ново изедначување, па Романките за првпат по почетните 1:3 стигнаа до два гола предност (8:10). Следуваа три напади кои не ги реалзиравме, па Романија дојде и до 8:11, кратката црна серија кај нас ја прекина Ристовска со вториот гол од седмерец во 23. минута. Романија повторно на плус три дојде со водство од 9:12.

На пет минути до крајот од првиот дел се вратимве на 11:12, по што романскиот селектор повика на тајм-аут. Не помгна и тајм-аутот Романија да реализира Мицевска собра уште една одбрана, но за жал и ние не одигравме добра полу контра, па во следниот напад Романија повторно се врати на плус 2 (11:13).

Мицевска ја запиша и четвртата одбрана, меѓутоа повторно не искористивме напад за изедначување (12:13). До крајот на првиот дел резултатот не се промени.

Првите пет минути од второто полувреме ги започнавме со три промашени напади, промашуваа Гичевска. Јанеска и Саздовска. Романките тоа знаеа да го искористат и стигнаа до највисоките плус четири. Дабевска со својот четврт гол намали на 13:16, но веќе во следниот напад Романија брзо се врати на четири гола водство.

И после 40 минути игра Романија ја одржуваше предноста од четири гола. Никако не успевавме да ја пронајдеме играта во нападот од првиот дел, додека Романија тоа го казнуваше. На проблемите во нападот влијаеше и ситната повреда на најрасположената денес Дабевеска која неколку минути беше надвор од теренот. Веднаш по враќањето во 44. минута го постигна својот шести гол. Романија на половина од вториот дел водеше со 18:23.

Тие први 10-тина минути од второто полувреме на крајот се покажаа и како клучни. Веројатно своја улога одигра и психолошкиот аспект, па не успеавме да се вратиме. Романија сигурно ја одржуваше предноста за на крајот да слави со 23:31.

Сања Дабевска го заврши натпреварот со седум постигнато гола, шест додаде Маџовска, Сара Ристовска и Јована Саздовска постигнаа по постигна три, Гичевска два и по еден Моника Јанеска и Симона Ризоска. Неаги на во Романија беше најрасположена со 10 гола

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …