За капитенот на репрезентацијата на Македонија денес заврши една неверојатна низа.
Лазаров откако дебитираше на Светското првенство во 1999 година постигнуваше гол на секој натпревар на Мундијалите се до денес.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Денес капитенот во бледото издание против Русија играше само во првото полувреме, имаше четири удари кон голот меѓутоа не успеаа да го совлада Киреев. Претходно постигнуваше барем еден гол на сите 41 натпревар.
Откако Русија направи голема предност селекторот Брестовац го повлече од игра и им даде шанса на помладите да собираат искуство.
Низата на Лазаров почна исто така во Египет во таа 1999 година и заврши во Египет.
Првиот гол на Лазаров на светските првенства можете да го погледнете тука.