Дома Фудбал Останато Една година без Кројф: Ајакс и Барса се присетуваат на генијалниот Холанѓанец!

Една година без Кројф: Ајакс и Барса се присетуваат на генијалниот Холанѓанец!

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Јохан Кројф почина минатата година на денешен ден, во 68-та година од животот по долгата и тешка болест.

На Кројф во 2015 година му беше дијагностициран рак на белите дробови, по што беше хоспитализиран и беше ставен на терапии. Во последното обраќање кон јавноста порача дека го добил првото полувреме против тешката болест, но, за жал, не успеа да го преживее второто. Почина во Барселона, еден од неговите два града, а вториот беше Амстердам каде се роди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во текот на играчката кариера Кројф со Ајакс освои три шампионски европски титули, како и шест шампионски титули во Холандија пред да се пресели во Барселона каде во текот на пет години освои една шампионска титула и еден шпански Куп.

Како тренер три години го водеше Ајакс (1985-1988) и освои две шампионски титули во Холандија и Купот на победниците на Куповите (1987), а потоа мина осум години на клупата на Барселона со која во 1992. година го освои првиот европски шампионски трофеј за „гордоста на Каталонија“. Покрај тоа, четири години по ред ја освојуваше шампионската титула во Шпанија. Во 1991 година мораше да замине на операција на срцето, а тренерската кариера ја заврши во 1996. година откако доби отказ во Барселона.
Поради тоа денес Ајакс и Барселона со кратки видеа се присетија на „генијалецот“ и ја одбележаа годишнината од неговата смрт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…