Дома Останати Тенис Еден човек за него е посебен пример: Ѓоковиќ откри кога ќе размислува за пензија

Еден човек за него е посебен пример: Ѓоковиќ откри кога ќе размислува за пензија

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ често пати се соочува со прашањето дали размислува за пензија, но неговиот одговор засега секогаш е ист.

На 36 години Ѓоковиќ и понатаму е најдобар тенисер во светот и разбирливо е зопто не сака да ја заврши една од најдобрите кариери во историјата на спортот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѓоковиќ во овој момент е во Ријад каде што во четврток ќе игра егзибициски меч против Карлос Алкараз. Пред овој меч Ѓоковиќ одговараше на прашањата од новинарите. Во одговорот за неговото пензионирање Ѓоковиќ го искористи легендарниот квотербек Том Брејди кој на 45 години замина во пензија.

„Го познавам лично и многу научив од неговиот пример. Се надевам дека ќе има кариера кој ќе трае и во 40-тите. Се чувствувам одлично во своето тело и играв квалитетен тенис. 2023 година е еден од најдобрите во мојата кариера, зошто би застанал кога играш одлично. Одиме година, по година, па ќе видиме до каде ќе стигнеме“, заклучи Ѓоковиќ

Доказ за одличната година на Ѓоковиќ е и признанието кое го освои за најдобар спортист во 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…