Македонската радио телевизија денес потврди дека обезбедени се директни преноси за Европското првенство во јануари кое ќе се игра во Унгарија и Словачка.
Главниот уредник на спортската редакција на МТВ, Драган Николовски потврди дека македнската телевизија ги обезбедила правата и објави во кои термини натпреварите ќе се пренесуваат.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Директни преноси во термините од 18.00 и од 20.30 часот во групната фаза, а потоа и од 15.30, од 18.00 и од 20.30 во главната рунда
специјални студиски емисии со еминентни гости и стручни анализи пред натпреварите на Македонија, како и пред полуфиналето и финалето“, стои во објавата на Николовски.