Велика Британија воведе мерка од 14 дена карантин за патници од Шпанија, што е голем проблем за Реал Мадрид во пресрет на реванш дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Едно од прашањата што се поставува е дали карантинот важи за сите лица или од истиот ќе бидат ослободени оние кои доаѓаат во земјата со работна обврска.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Задолжителниот карантин ќе биде голем проблем за УЕФА со оглед на тоа што на 7 август е закажан дуелот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.
За да се одигра натпреварот на „Етихад“, Реал можеби ќе мора да добие специјално „помилување“ од карантин, во спротивно мечот ќе се одигра на неутрален терен.