Рој Кин и Џејми Карагер вчера имаа жесток дуел на „Скај Спорт“ после натпреварот помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед.
Кин и Карагер имаа задача да ги искомбинираат тим од оној на Манчестер Јунајтед во 1999 година и сегашниот тим на Ливерпул. Кин предизвика многу бура со својот избор кога истакна дека само еден играч од сегашниот тим на Ливерпул би можел да игра во легендарниот тим на Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот играч на „црвените ѓаволи“ објасни дека тогашниот тим на Јунајтед бил еден од најдобрите во историјата и бил скоро совршен. Сепак, призна дека би направил измена во одбраната.
„Од оваа екипа на Ливерпул би земал само еден играч, тоа е Ван Дајк. Голем фан сум на Вирџил тој е машина“, изјави Кин помеѓу другото во дебатата. Целиот дуел погледнете го во видеото под текстот