Дома Македонски спорт Дрита Ислами последна во квалификациите на 400 метри во Минхен 🎥

Дрита Ислами последна во квалификациите на 400 метри во Минхен 🎥

Maкедонската најдобра атлетичарка Дрита Ислами лошо истрча на денешната квалификациска трка на 400 метри со пречки во Минхен.

Патеката Ислами ја мина за 1.01.56. минути што е далеку полош резултат од нејзиниот личен рекорд кој воедно е и македонски 57.53. По слабиот настап таа се огласи на социјалните мрежи барајќи ја причината во тешката сезона.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Борејќи се со повреди цела сезона, а и со коронавирусот пред само две недели и тоа по вторпат годинава, не се чувствував доволно конкурентна, но решив да трчам и да го дадам најдоброто од себе на ЕП. Но, тоа што го научив е дека морам да обрнам внимание на моето здравје на прво место. Сега се фокусирам на 2023 година и да имам убав почеток следната сезона“, објави Ислами на социјалните мрежи.

Со ваквиот заврши учеството на македонските атлетичари на ЕП, во понеделникот Дарио Ивановски не успеа да ја заврши трката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…