Дома Фудбал Останато Драма каква што ретка се гледа во Црна Гора: Тренер отпуштен со вперен пиштол!

Драма каква што ретка се гледа во Црна Гора: Тренер отпуштен со вперен пиштол!

Tимот на Сутјеска од Црна Гора беше елиминиран во третото квалификациско коло од Конференциската лига со поразот од Санта Колома од Андора.

Неочекуваната елиминација донесе хаос во клубот, а тренерот Ненад Брновиќ заедно со неговиот стручен штаб биле повикани кај раководството кое жестоко ги обвинувала. Не само што вербално биле нападнати, туку им бил изваден и пиштол.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ситуација се случила пред шест дена кога клубот го отпуштил Брновиќ, а тој сега одлучи да открие за јавноста што се случувало во клубот.

„Во таа пригода, моите соработници и јас вербално, а потоа и физички бевме нападнати со цел да бидеме присилени да поднесеме оставки. По нашето инсистирање да ги решиме проблемите и нивните барања на спортски и култирен начин, следеше жесток напад од страна на припадник на обезбедувањето на стадионот, кој резултираше со повлекување пиштол и негово репетирање.

Успеавме без тешки последици да се повлечеме од состанокот, по што, на излезот од зградата на општина Никшиќ, лично ни се заканија од страна на навивачите и ни рекоа дека повеќе не ни ја гарантираат безбедноста“, објави Брновиќ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…