На почетокот на оваа година Дориан Бабунски имаше одлични настапи во тимот на Ботев Враца и тоа му донесе трансфер во Дебрецин.




Добро започна Дориан и во унгарскиот прволигаш, но потоа дојде до промена на комплетната структура во клубот, си замина и тренерот, па македонскиот репрезентативец падна во втор план.




Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Ваквата ситуација сака да ја искористи ЦСКА 1948 која би можела да го врати напаѓачот во Бугарија.
Оваа информација ја објави еден од најпознатите бугарски спортски медиуми „Спортал“. Според нивните информации ЦСКА е максимално фокусирана во намерата да го доведе Бабунски кој во кариерата настапуваше уште во Шпанија, Словенија и Јапонија.




Ќе потсетиме во Дебрецин настапува и братот на Дориан, Давид Бабунски.